Продолжува уредувањето на дрворедот по улицата „Димитар Влахов“

Продолжува хортикултурното уредување на дрворедот од лагестремии по ул.„Димитар Влахов“, која добива нов лик со поставување на украсни штитници околу секое стебло, околниот простор се разубавува со ниски зимзелени грмушки и сезонско цвеќе од видот „бегонија“, информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.

„Во првата фаза се поставува систем за наводнување на принципот „капка по капка“, а потоа следи хортикултурното уредување.“– велат оттаму.

Активности ги реализираат екипите на „Паркови и зеленило“ при Ј.П.„Охридски Комуналец“ во согласност со Програмата за јавно зеленило за оваа година, во која беше опфатено реконструирањето на дрворедот по ул.„Димитар Влахов“.

„Во месец јуни се започна со уредувањето на потегот од општинската зграда до пресекот со ул.„Македонски Просветители“ каде се уредени 40 стебла од дрворедот, а сега се уредува потегот од општинската зграда до централната градинка „Јасна Ристеска“. На овој потег ќе се уредат 10 стебла, а во наредниот период ќе биде опфатени преостанатите 30 стебла на потег до пресекот со ул.„Јане Сандански“.- додаваат од претпријатието.

DSCN01152