Во тек се заштитните археолошки истражувања на локалитетот „Таламбасица“ кај селото Крушевица, Прилепско

На овој локалитет се истражува тумул од периодот на преминот од бронзено во железно време, кој претставува солидно зачувана единица од шеесетината досега евидентирани примери од овој тип на подрачјето на општината Витолиште во мариовскиот крај.  Од планираните активности, досега се завршени  подготвителните активности при што е отстранета вегетацијата и откриени се камењата кои ја формираат хумката на тумулот со оградниот ѕид, односно венецот на конструкцијата каде што е забележан феноменот на специфично редење на камењата еден до друг со потесните страни нагоре.  

Истражувањата на оваа локација ќе се одвиваат до септември 2015 година, а резултатите ќе бидат значаен придонес во дефинирањето на времето на металите во прилепскиот регион и насока за преземање натамошни истражувачки активности.