Посебен сообраќаен режим поради фудбалскиот натпревар „Работнички“ – „Рубин Казан“

Поради вечерашниот меѓународен фудбалски натпревар меѓу ФК “Работнички“ и ФК “Рубин Казан“ (Русија) што ќе се одигра на Националната арената Филип Втори во 20 часот, ќе има посебен сообраќаен режим на дел од сообраќајниците што гравитираат кон фудбалскиот стадион

Имено од 17 часот ќе биде затворен за сообраќај потегот од крстосниците на улиците “Аминта Трети“ и “Јордан Хаџи Константинов Џинот“ кон стадионот при што кон стадионот ќе се пропуштаат само возила со посебни пропусници. Ќе биде зајакнато присуството на сообраќајната полиција во насока на регулирање и безбеден проток на сообраќајот и движењето. МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, да се однесуваат совесно,и да ги паркираат возилата на дозволените паркинзи.