„Њујорк Тајмс“ ја рангираше Македонија на 10-то место на листата со 52 локации што треба да се посетат во 2015 година

Престижниот весник „Њујорк Тајмс“ објави листа со 52 земји како дестинации за посета во 2015 година, а Македонија се најде на високотo 10 место.

Според весникот, тоа се должи на фактот што Македонија е богата со планински предели, манастири и езера.

Во текстот е наведено и дека во земјата се произведува најубавото вино, а мора да се вкуси и вкусната традиционална кујна, издвојувајќи ги чорбата и пастрмајлијата.

Во првите 10 места на оваа листа се најдоа и Италија, Куба, Филадејфија, Сингапур, Јужна Африка и многу други светски локалитети.