Дисциплински мерки за 22 вработени во МВР

Во текот на изминатиот период, по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 22 решенија против 22 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од член 206 став 1 точка 3, член 207 став 1 точка 1, 2, 5 и 8, и член 208 став 1 точки 3, 4, 6, 10, и 20 од Колективниот договор на МВР. Притоа, на 18 вработени изречена им е мерка – „парична казна”, на тројца вработени, мерка – „писмено предупредување“ и на еден вработен, мерка – “откажување на договорот за вработување“, а станува збор за:

Командир на ПО за НФОО на МВР на РМ и останати објекти, ЦПС, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (како раководен старешина не се придржувал кон правилата и прописите и работните задачи ги извршувал несовесно и ненавременои направил превиди и пропусти во работењето);

Полицаец во ПС за ГП Аеродром Александар Велики, РЦ за ГР-Север, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (го користел својот мобилен телефон за време на работа);

Инспектор за прифат-сменоводител во ПСОН-Берово, СВР-Штип, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (како одговорен старешина, не присуствувал во просторијата каде се чистело оружјето, при што еден полициски службеник се самоповредил при чистење на оружјето);

Полицаец во ПСОН-Берово, СВР-Штип, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (невнимателно односно несовесно ракувал со своето оружје, при што се самоповредил);

Полицаец за патрола и интервенции во ПСОН-Берово, СВР-Штип, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (бил под дејство на алкохол за време на работа);

Полицаец во ЕБР, ОПЕ, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (го нарушил ЈРМ со физички напад);

Полицаец во ПСОН-Бит Пазар, СВР-Скопје, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (не постапил по планот за обезбедување, бил неуреден на работното место и зборувал на мобилен телефон);

Лидер на тим, ЕБР, ОПЕ, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (не изготвил службен материјал за преземените дејства и не го информирал одговорниот старешина за настаните во текот на смената);

Инспектор за општ криминалитет во ООК, СВР-Битола, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (за преземените дејства и активности не го информирал одговорниот старешина);

Полицаец во ПСОН-Бит Пазар, СВР-Скопје, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (поради недоличен однос, со рака удрил ученик во пределот на лицето и вратот);

Полицаец во ПС за ГП и ГН-Делчево, РЦ за ГР-Исток, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за два месеци (за време на работа бил под дејство на алкохол);

Полицаец во ПС за ГП и ГН-Делчево, РЦ за ГР-Исток, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за два месеци (за време на работа бил под дејство на алкохол);

Полицаец во ПС за ГП и ГН-Делчево, РЦ за ГР-Исток, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за два месеци (за време на работа бил под дејство на алкохол);

Полицаец во ПС за ГП-Ќафасан, РЦ за ГР-Запад, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (внел невистинити документи во СКПВ, односно документи кои не одговараат на автобусот кој се јавил на влез во РМ, со што овозможил истиот да оствари „влез“ во РМ);

Полицаец во ПС за ГП и ГН-Стар Дојран, РЦ за ГР-Југ, изречена му е мерка „откажување на договорот за вработување“(навремено и писмено не го известил работодавачот за отсуството од работа и неоправдано отсуствувал три последователни работни дена);

Полицаец во ЕБР, ОПЕ, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (го напуштил работното место, без да го извести непосредниот старешина дека има потреба од медицинска помош);

Полицаец за обезбедување на објекти во ПО за НФОО Битола, СВР-Битола, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (бил затекнат како спие на работното место за време на работа);

Полицаец во ПО за НФО на центар за обука, ЕНОО, ЦПС, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (со задоцнување пристигнувал на работното место);

Полицаец во ПС од ОН Свети Николе, СВР-Штип, изречена му е мерка „писмено предупредување“ (Го напуштил лице местото каде што се случило нарушување на ЈРМ и не го известил непосредниот старешина);

Полицаец во ПС од ОН Свети Николе, СВР-Штип, изречена му е мерка „писмено предупредување“ (Го напуштил лице местото каде што се случило нарушување на ЈРМ и не го известил непосредниот старешина);

Полицаец во ПС од ОН Свети Николе, СВР-Штип, изречена му е мерка „писмено предупредување“ (Го напуштил лице местото каде што се случило нарушување на ЈРМ и не го известил непосредниот старешина);

Полицаец во ПСОН-Тетово, СВР-Тетово, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 10% од месечната плата за четири месеци (го нарушил ЈРМ со учество во тепачка).