Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 5,34%. Вака денес одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 3,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 10.08.2015 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 64,00 ден/лит, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 66,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 10.08.2015 година и со тоа цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 49,00 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 37,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 2,527 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 10.08.2015 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 20,760 ден/кг.
WebOhrid