Министерството за внатрешни работи во рамки на оперативната акција “Гора“ за спечување на нелегална сеча и трговија со огревни дрва во текот на изминативе две недели по однос на работењето на лиценцирани лица за извршување стручни работи на шуми во приватна сопственост поднесе вкупно 33 кривични пријави против физички и правни лица поради постоење на основани сомнение дека сториле повеќе кривични дела: “злоупотреба на службена положба и овластување“ ; “пустошење на шума“ ; “кражба“; “фалсификување или уништување деловни книги“. Притоа првичните проценки говорат дека станува збор за евидентирана исечена дрвна маса во количина од околу 5.400 метри кубни разни видови дрво од државни и приватни катастарски парцели а штетата проценета по однос на незаконската сеча изнесува околу 29.788.470 денари, додека пак противправната имотна корист од ваквите незаконски дејствија се проценува на околу 8.680.000 денари.
По сектори за внатрешни работи СВР Скопје поднесе кривични пријави против три лица В.Т. од Скопје и М.М. и К.А. од Кочани за сторени кривични дела “злоупотрба на службена положба и овластувања“ и “фалсификување службена исправа). Тие бесправно исекле 74 метри кубни дрва при што причиниле штета од 519.400 денари. СВР Тетово поднесе две кривични пријави против Д.Ѓ. поради издавање на одобренија за сеча за парцели на кои нема шума или нема доволно шума согласно одобрението, а се работи за 15 катастарски парцели и исечена дрвна маса од 323м3, додека проценетата штета изнесува 4.617.480 денари.
СВР Куманово поднесе три кривична пријава против 11 сторители за сторени 14 кривични дела, со кои противправно се исечени 190м³ огревно дрво а РМ е оштетена за вкупнен износ од 1.331.260 денари Кривично пријавените се сомничат за три кривични дела “злоупотреба на службена положба и овластување“ и три кривични дела “фалсификување или уништување деловни книги“ како и едно кривичното дело “кражба“.
СВР Штип за седум откриени случаи се поднесени седум кривични пријави против 20 лица – и три правни лица осомничени за 38 кривични дела. Притоа, откриени се 23 кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, шест кривични дела „злосторничко здружување“, едно кривично дело “фалсификување знаци за обележување на стоки, мери и тегови“ и седум кривични дела „фалсификување или уништување деловни книги“ и едно кривично дело „шумска кражба“. Притоа констатирано е дека во над 260 катастарски парцели причинета е штета од околу 16.900.000 денари а противправната корист што пријавените лица ја стекнале изнесува околу 3.700.000 денари.
СВР Битола поднесе кривична пријава против едно лиценцирано лице кое на подрачјето на Битола, Ресен, Крушево, Демир Хисар, Македонски Брод сторило седум кривични дела (“злоупотреба на службена положба и овластувања“; “фалсификување деловни книги“; “пустошење шума“). Притоа, на триесетина различни катастарски парцели во посочените региони исечени се околу 650 м3 разни видови дрва, причинета е штета од речиси 2.000.000 денари а противправната имотна корист стекната со кривичните дела е проценета на околу 1.490.000 денари. Исто така поднесена е пријава и против уште едно лиценцирано лице за сторено кривично дело “злоупотреба на службената положба и овластувања“ бидејќи издавало одобренија за сеча за парцели на кои нема шума, за парцели кои имаат шума но не е сечено од таа шума туку од државна шума, со некомплетна документација, а биле издавани одобренија за сеча на починати лица. Се работи за четири катастарски парцели во кои се исечени 74м3 државна шума и 17м3 од приватнашума, а причинетата штета не проценета на 519.000 денари.
СВР Струмица во два одвоени случаи поднесе кривични пријави против три физички лица и две правни лица. Вкупно исечената дрва маса е проценета на 2216 м3, остварена е противправна имотна корист од 525.705, а проценетата штета изнесува речиси 400.000 денари.
СВР Битола кривично пријави десет лица за сомнение за сторени. Станува збор за кривичните дела “злоупотреба на службената положба и овластување“ и “фалсификување или уништување деловни книги“. Притоа тие се стекнале со противправна имотна корист од речиси 3.000.000 денари при што во над триесетина различни катастарски парцели во регионите на Охрид и Кичево исечена е дрвна маса во количина од 1529 м3 а причинетата штета е проценета на околу 4.640.000 денари.