Нашата најдобра кошаркарска репрезентација ја продолжи низата порази против Шпанија во пријателски натпревари.
Вечерва во Логроњо црвената фурија ја декласираше Македонија со 88-54, (27-15, 18-10, 19-16, 24-13) и ја забележа четвртата победа во четврттата контролна средба.
Македонскиот национален тим кој се подготвува за настап на Евробаскетот по одличните игри во првите пријателски средби и низата победи над Израел, Украина и Венецуала на домашен терен,сега е во серија порази на гостувањата.Пред двата порази од Шпанија , нашите најдобри кошаркари беа без победа и на турнирот во Каунас во дуелите со Литванија и Турција.
Селекцијата на Шпанија инаку вечерва слично како и пред три дена во Мадрид со фуриозен почеток и одлична игра во првото полувреме експресно го реши прашањето на победникот.
На почетокот на вториот дел избраниците на Србиновски заиграа многу подобро отколку во првите две четвртини што резутираше со многу порамоправен резултат во третите десет минути од 16-19.Во последната делница кога победникот веќе беше одлучен,шпанските кошаркари повторно го засилија ритамот и на крајот забележаа уште еден убедлив триумф над Македнија од 88-54.
Нашите репрезентативци вечерва го одиграа најнеефикасниот меч и ниту еден кошаркар не успеа да постигне двоцифрен број на Поени. Ричард Хендрикс со девет поени беше најефикасен нш кошаркар , Војдан Стојановски и Бојан Трајковски постигнаа по осум, а Предраг Самарџиски седум поени.
Прво име на мечот во Логроњо беше шпанскиот капитен Гасол со 26 поени и 16 скока.
Македонската сениорска репрезентација серијата пријателски средби пред учеството на септемврискиот Евробаскет ги завршува викендов во Рига со две пријателски средби против домашната селекција на Латвија.