Во манастирскиот комплекс во селото Скребатно, во недела на 30 август, ќе се одржи традиционалната манифестацијата „Охридска софра“, која претставува промотивен настан на традиционални рецепти за подготовка на познатото охридско ѓомлезе и други видови специјалитети.
„Охриска софра“ претставува одлична можност за промоција на туризмот во руралните средини и збогатување на туристичката понуда на градот Охрид. Манифестацијата ќе има натпреварувачки карактер и за таа цел обезбеден е награден фонд од 20.000 денари за трите најдобро подготвени ѓомлезиња при што наградата за првонаграденото ѓомлезе изнесува 10.000 денари, за второнаграденото 7.000, а за третонаграденото 3.000 денари.
Заинтересираните учесници кои сакаат да бидат дел од манифестацијата сеуште можат да се пријават во просториите на Секторот за туризам и локален економски развој или на тел. 046/ 230 -175.