ЈП „Нискоградба“ со добивка во првите шест месеци годинава

Јавното претпријатие „Нискоградба“ Охрид во периодот од 1-ви јануари до 30-ти јуни годинава излегува со добивка која изнесува 5.428.869.оо ден, односно за овој износ вкупните приходи ги надминуваат вкупните расходи.

Ваквиот успех на јавното претпријатие доаѓа како резултат на зголемениот обем на работни активности кои се презедоа во изминатиот период, информираат од претпријатието.

Во периодот Јануари- Јуни годинава извршено е инвестиционо проширување на мрежата за одведување на отпадни и атмосферски води (изградба на улична фекална и атмосферска канализациона мрежа) според барања од Локалната самоуправа на Општина Охрид во должина од 948 метри.

Извршени се Градежни активности на следните локации:

– Фекална канализација :

Населба Лескајца, Долно Коњско, Долно и Горно Лакочереј.

– Атмосферска Канализација:

Населба Даљан, ул. „Пере Тошев’’, Пешачка патека Студенчишта- Хотел Парк , Кружен тек Бистрица- бул. Туристичка, Село Горно и Долно Лакочереј и ул.„Коста Абраш’’.

Во изминатиов период се изведени шахти и завршни градежни работи од кои:

– Извршена е санација и поплочување со бекатон елементи во Општина Охрид, Поставени се армирано бетонски капаци за шахти во Детска градинка’’ Билјана’’, изградена е пешачка патека од бекатон елементи околу нивоизградениот стадион со вештачка трева во СРЦ Атина Бојаџи, извршено е уредување на двор на ОУ’’ Кочо Рацин’’, Извршена е изработка на тротоар ул. „Никола Карев’’ (Историски Архив) и уредување на пешачка патека (шеталиште) с. Пештани.

Покрај изведените градежни активности ЈП „Нискоградба“ работеше на изведба и одржување на вертикална и хоризонтална сигнализација на ниво на Општина Охрид, како и редовно одржување на мрежата за одведување на отпадни и атмосферски води.

Со новиот менаџмент и современиот пристап на решавање на проблемите на граѓаните Јавното претпријатие е се поприсутно во секојдневниот живот на охриѓани и со својата работа придонесува за подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните на Охрид, додаваат од претпријатието.