Поезијата на годинашниот лауреат на 54. Струшки вечери Беи Дао ги содржи сите предуслови за да биде наградена со признанието „Златниот венец“, истакна директорот на фестивалот Мите Стефоски денеска на прес-конференција.
„Имаме исклучителна прилика повторно да се навратиме на кинеската поезија преку вториот лауреат после Лу Јоан, овој пат со поет со сосема различна поетика. Навистина е чест на македонски да биде претставено творештвото на еден од најзначајните претставници на т.н загадочна школа на поезијата. Една група кинески поети кои во 70-тите почнуваат со трагање по нов поетски јазик во ракмите на кинеската поетска традиција“, рече Стефоски.
Беи Дао 50-ти јубилеен лауреат на „Златниот венец“ , а меѓу имињата на сите 50 досегашни добитници, според директорот, нема ниту едно случајно кое се нашло на листата.
„Обврската на македонскиот јазик и на струшкиот поетски фестивал да ги награди врвните светски поети и тоа најзначајните во втората поливина на 20 и почетокот на 21 век е помалку нелагодна и сигурно многу одговорна. Сите современи класици на 20 и почетокот на 21 век се нашле на таа листа за наградата која секогаш била доделувана за врвни естетски и уметнички достигнувања. Никакви други вонлитерални влијаие или критериуми не биле замани во предвид, ниту пак политичките“, додаде Стефоски.
Творештвото на Беи Дао кое ќе биде претставено и славено во рамките на СВП е единствениот и највисокиот критериум за кое годинашниот лауреат е награден.
„Нашата автономност во однос на донесувањето такви одлуки никогаш досега ниту пак отсега не била доведена во прашање. Оттаму извира и реномето на самата награда во интернационални рамки“, рече Стефоски.
Добитникот на „Златниот венец“ Беи Дао, кој пред 12 години беше учесник на СВП, го постави прашањето како една мала земја како што е Македонија и град како Струга може да организираат меѓународен фестивал на поезија како Струшките вечери.
„Македонија како една дамнешна земја претставена со нејзиниот јазик, кој не е многу распространет низ светот сепак опфаќа и организира ваква престижна поетска манифестација со половинавековна традиција, како Струшките вечери на поезијата“, истакна кинекиот поет Беи Дао.
Тој подвлече дека признанието е многу важно за него, но и дека е среќен што има можност повторно да се сретне со големи поетски имиња од светот.
„Чуството на среќа претставува еден вид слабост на човекот кога ќе добие ваква престижна награда. Јас не верував дека ќе го добијам „Златниот венец“ што ми претставува посебна чест како поет. Посебно ми е чест што признанието претставува врска меѓу поетот и неговото творештво“, рече Беи Дао.
Претседателот на Управниот одбор Славе Ѓорѓо Димоски подвлече дека Струшките вечери на поезијата во светски рамки се најстар фестивал кој се одржува во континуитет.
Речиси сите светски фестивлаи го применуваат нашиот модел, но ја немаат магијата на „Мостови“ на истекот на реката Црн Дрим, која го прави повеличествен и побожествен. Годинашниот лауреат во светски рамки е име кое значи бидејќи е симбиоза на кинеската поетска традиција и на она што е европска или американска поетска традиција.
Беи Дао е 50-ти јубилеен добитник на признанието „Златен венец“ на СВП, кое ќе му биде врачено в недела на поечтското читање „Мостови“.