„Водени лудории“ 2015

Денес на градскиот базен при Спортско Рекреативниот Центар „Билјанини извори“ Охрид, во рамките на охридско „Спортско лето“ беа реализирани овогодинешните „Водени лудории 2015“.

Поради мал број на пријавени учесници при првиот повик, организациониот одбор за водени лудории одлучи годинава игрите да бидат реализирани за децата членови на пливачката школа „Охридски бранови 2008“ заради континуитет на водените лудории во „Спортско лето“ и бесплатно ги реализираа истите.

Проф. Наум Јамандиев истакна дека е задоволен од интересот на децата и дека фитбекот е многу позитивен и најави дека ќе се залага „Водени лудории“ да се организираат традиционално секоја година.

За реализација на овогодинешните „Водени лудории“ беа задолжени проф. Катерина Стојаноска и Проф. Ристе Јанкоски кои се и инструктори по пливање во школата „Охридски бранови 2008“.

Организаторите упатуваат голема благодарност до сите помагатели за реализација на овогодинешните „Водени лудории 2015“ особено до „SWISSLION“ кој ги освежи сите учесници со нивните производи.

WebOhrid