Застрелани новинарка и камерман во Вирџинија додека правеле интервју

Телевизиска новинарка и камерман беа застрелани во американската сојузна држава Вирџинија, додека во живо правеле интервју, јави телевизијата за која работеле „WDBJ7“.

На сајтот на медиумот за кој работеле новинарите, се појаснува дека нападот се случил во 6.45 часот изутрината по локално време.

Жртвите се репортерката Алисон Паркер (24) и камерманот Адам Ворд (27). Двајцата биле застрелани додека правеле интервју во трговскиот центар Бриџвотер плаза во градот Монета во округот Бедфорд.

Додека тие ја вршеле својата работа се слушнале истрели. Камерата го снимила тој момент. На снимката се слушаат врисоците на застреланите новинарка и камерман додека правеле интервју и се гледа како тие се наведуваат, за да се скријат, а потоа камера паѓа на земја и снимени се нозете на напаѓачот.

Регионот на инцидентот е блокиран. Засега не се соопштени повеќе детали за убиството.

Човекот што ги уби двајцата новинари се застрелал

Човекот што ги уби двајцата новинари се застрелал, но во моментов е во болница и се бори за живот. Полицијата го пронајде вооружениот маж осомничен за убиството на двајцата новинари во американската сојузна држава Вирџија.

Осомничениот за убиството на новинарката и снимателот во моментов е во болница со тешки телесни повреди, откако претходно се застрелал самиот неколку часа по инцидентот, пишува британски „Гардијан“ повикувајќи се на информации од полицијата во Вирџинија.

Осомничениот, за кого се верува дека ги уби двајцата новинари е идентификуван како Вестер Ли Фланаган, на возраст од 41 година, кој до пред извесно време работел како репортер во истата телевизија како и жртвите, односно WDBJ-TV, разгранок на „Си-Би-Ес“ каде известувал под името Брајс Вилијамс.

Додека бегал излетал со возилото, полицијата го нашла со прострелна рана

Фланаган е осомничен за убиството на колеги, 24-годишната Алисон Паркер и 27-годишниот Адам Ворд, новинарка и снимател на телевизија WDBJ-TV

Фланаган со возилото со кое се обидувал да и побегне на полициската потера излетал од автопат и по кратко време бил најден од полицијата со рана од огнено оружје. Тој веднаш бил префрлен во најблиската болница со тешки повреди и во критична состојба.

Инаку Фланаган е осомничен за убиството на 24-годишната Алисон Паркер и 27-годишниот Адам Ворд, новинарка и снимател на телевизија WDBJ-TV, кои денеска беа застрелани додека известуваа во живо од местото Монет, во округот Бедфорд во државата Вирџинија.

Неколку часа по убиството, на твитер-профилот под името Брајс Вилијамс, беа објавени две видеа од пукањето, снимени од перспектива на напаѓачот.

Полицијата сеуште ги истражува мотивите за убиството.

flanagan

Извор: Нет Прес