Земјотрес ги вознемири охриѓани

Земјотрес кој траеше десетина секунди вечерва ги вознемири охриѓани во 22:42 часот. Земјотресот е со епицентар во Грција, 37 километри јужно од Битола, а неговиот интензитет изнесуваше 4.1 степен според Рихтер, на длабочина од 2 километри.

На овој земјотрес, во 22:39 часот му претходеше послаб земјотрес со епицентар во Македонија, 17 километри југозападно од Битола, чиј интензитет изнесуваше 2.6 степени според Рихтер, на длабочина од 10 километри.

WebOhrid