Позитивен природен прираст во второто тримесечје

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во второто тримесечје од 2015 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 4.0% и изнесува 5 683 живородени деца.

Бројот на умрените лица во второто тримесечје од 2015 година бележи зголемување од 2.3% во споредба со истото тримесечје од 2014 година и изнесува 4 892 лицa, а од нив 48 се умрени доенчиња.

Природниот прираст изнесува 791 лица, што значи, за толку лица бројот на живородените деца е поголем од бројот на умрените лица.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е зголемен за 8.2% во споредба со истиот период од 2014 година и изнесува 3 710 бракови.

Разведените бракови во ова тримесечје од годината бележат намалување од 12.4% во споредба со истиот период од 2014 година и нивниот број изнесува 495.