Акцијата на Царинската управа за контрола на продажбата на акцизна стока вчера продолжи на територијата на Охрид, Струга и Дебар.
Контролирани се 15 објекти и повеќе зелени пазари, при што неправилности се откриени во 4 случаи и привремено се задржани околу 100 литри алкохол без бандероли и со сомнително потекло.
Во два угостителски објекти во Охрид и Дебар е утврдена нелегална продажба жестоки пијалоци и одземени се 9 литри алкохолни пијалоци – коњак, вотка, виски и ликер, додека при контрола на зелените пазари во Охрид и Струга кај 2 физички лица се откриени и одземени 83 литри домашна ракија и 5 литри коњак.
Сите привремено задржани алкохолни пијалоци, во вкупна количина од 97 литри, не биле означени со контролни марки, ниту поседувале било каков сертификат за квалитет, а се нуделе на продажба.
Против прекршителите Царинската управа презема соодветни мерки.