Нарконон Балкан – Центар за рехабилитација од зависности

Нарконон Балкан претставува Центар за рехабилитација од зависности (дроги, алкохол), кој се наоѓа во с.Конопиште – Кавадарци, а успешно работи веќе 12 години. Се издвојува од другите центри за рехабилитација по тоа што работи по лиценцирана програма (во светот постојат 60 центри од ваков тип, а овој Центар е единствен од ваков тип на Балканот), се е на природна база (со витамини и минерали), не се користат никакви лекарства. Во програмата, како многу важен дел од рехабилитацијата, е вклучена сауна и посебни масажи што ги олеснуваат физичките потешкотии, како и…

повеќе...

Од денеска продажба на алкохол до 19 часот

Од денеска почнува зимската рестриктивна продажба на алкохол. Тоа значи дека во трговските објекти алкохолните пијалоци ќе се продаваат до 19 часот. За оние кои нема да го почитуваат законското решение предвидени се санкции, односно забрана за вршење дејност во траење од седум или 15 дена, како и парична казна до 5.000 евра. Извор: meta.mk

повеќе...

Промовирана кампањата „Не за нелегални алкохолни пијалоци“

Денес во Царинската управа на Република Македонија се одржа прес конференција која имаше за цел да се презентираат резултатите од контролите на акцизни добра во малопродажба, да се промовира спотот кој накратко сликовито ги презентира задачите на Царинската управа, како и да се промовира јавната кампања „Не за нелегални алкохолни пијалоци“, која е веќе започната со изработка и делење на флаери низ Македонија. Една од задачите на Царинската управа е контрола на акцизите. Уште од 2010 година во надлежност на Царинската управа е целосното управување со акцизите при увоз и…

повеќе...

Реализиран проектот ,,Заштита од зависност на дроги, алкохол и цигари“

Преставници на Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, Оддел за гранични работи и миграции во соработка со Регионалните центри за Гранични работи и Одделенијата за превенција во Секторите за внатрешни работи и Министерството за образование и наука (Директори од Основни и Средни училишта) организираа заедничка активност од областа на превенцијата на тема: „Заштита од зависност на дроги ,алкохол и цигари “. Проектот има превентивен и едукативен карактер, се со цел младата популација (учениците од основните и средните училишта) да бидат запознаени со најчестите причини и опасности од користење и…

повеќе...

Запленети облека, обувки, алкохол и фалсификати

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани крзнени и текстилни производи, обувки, технички производи, алкохолни пијалоци, средства за хигиена, автоделови, плинска печка, брави за автобуси, додатоци за мобилни телефони и фалсификати. Покрај тоа откриена е и една царинска измама. Задржана е следната стока: Облека и обувки – 23 елеци и 7 јакни од крзно откриени при контрола на романски автомобил, со кој за влез во државата на граничниот премин Богородица, се пријавиле двајца романски државјани. Елеците и јакните се пронајдени…

повеќе...

Две правни лица од Скопје нелегално продавале алкохол

Тимови на Царинарница Скопје, формирани за контрола на продажбата на акцизна стока, вчера (20.11.2015 година) извршија контроли на територијата на град Скопје. Во 2 случаи, кај две правни лица откриени се неправилности и привремено се задржани околу 2,3 тони пиво и 4 литри ракија без акцизни маркички, со сомнителен квалитет за кои не е платена акциза. При контрола на угостителски објект (пивница) во Скопје, пронајдена е опрема за производство (мини-пивара) на пиво. Во објектот, сопственикот вршел и продажба на пивото кое го произведувал, но за истото не плаќал акциза. Од…

повеќе...

Предавање во ОУ „Григор Прличев“ на тема „Алкохолизам, никотизам и наркоманија“

Вчера во Основното училиште „Григор Прличев“ учениците од деветтите одделенија имаа можност да го проследат стручното предавање на Д-р Соња Стурлакова Димоска, во организација на Црвен крст на Р. Македонија, кој според календарот на активности ги одбележува болестите на зависност Алкохолизам, Никотизам и Наркоманија. „Предавањето и презентацијата со големо внимание беа следени од учениците, а ваквиот тип на предавања секако дека оставаат позитивна трага за превенција од ваквите зависности.“– велат од училиштето.

повеќе...

Одржано едукативно предавање „Болести на зависност – алкохолизам, никотизам и наркоманија“

Во ОУТУ „Ванчо Питошески“ се одржа стручно предавање на тема: „Болести на зависност – алкохолизам, никотизам и наркоманија“ во организација на „Црвен крст“ – Охрид. Преку мултидисциплинарен пристап од областа на превенцијата, акцентирајќи го притоа јакнењето на здрави животни вештини, комуникација, асертивност, антиципација на здрави животни избори и одговорност кај учениците организаторите на предавањето Мимоза Ставрева, секретар на ЦК Охрид, и предавачот д-р Соња Стурлакова-Димоска ги запознаа учениците за овие три видови болести на зависнот. На пристапен начин, со користење на презентации, беа опишани начините на започнување со земање опојни…

повеќе...

Кампања „Вози трезен-стигни жив“

Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на град Охрид, утре ќе ја реализира кампањата „Вози трезен-стигни жив“. На кеј „Македонија“ во близина на охридското пристаниште, во 11 часот, предвидентите активност ќе се спроведат во соработка со општинската организација на Црвениот крст и со полициската станица за безбедност во патниот сообраќај при СВР Охрид. Тука, но и на неколку други локации во градот, предвидени се сообраќајни пунктови составени од полициски службеници и волонтери на Црвениот крст каде ќе се врши доброволно алкотестирање и делење на пригоден едукативен материјал. Целта…

повеќе...

Откриени случаи на нелегална продажба на алкохол во Охрид, Струга и Дебар

Акцијата на Царинската управа за контрола на продажбата на акцизна стока вчера продолжи на територијата на Охрид, Струга и Дебар. Контролирани се 15 објекти и повеќе зелени пазари, при што неправилности се откриени во 4 случаи и привремено се задржани околу 100 литри алкохол без бандероли и со сомнително потекло. Во два угостителски објекти во Охрид и Дебар е утврдена нелегална продажба жестоки пијалоци и одземени се 9 литри алкохолни пијалоци – коњак, вотка, виски и ликер, додека при контрола на зелените пазари во Охрид и Струга кај 2 физички лица…

повеќе...