Во периодот од 08,00 часот на 27.08.2015 до 28.08.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 1.289 странски државјани, од кои, 911 се од машки пол, 170 се од женски, 185 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 23деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-975, Авганистан – 81, Ирак–77, Пакистан – 41, Палестина – 41, додека другите се во помал број.
Во периодот од 19.06.2015 до 28.08.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 49.283 странски државјани, од кои, 34.025 се од машки пол, 6.763 се од женски, 7.665 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 830деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-40.139, потоа Авганистан-2.339, Ирак-2.229, Пакистан-1.493, Палестина-644, Сомалија-564, Бангладеж-347, Конго-308, Нигерија-187 Камерун-156Еритреја-142, Етиопија-109, додека останатите се во помал број.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 27.08.2015 година до Одделението за азил се поднесени 49 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.
Во периодот од 08,00 часот на 26.08.2015 до 27.08.2015 година во 08,00 часот до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .