Нашата најдобра кошаркарска репрезентација го забележа и петтиот пораз во низа во подготвителниот циклус. Денеска во Рига црвено жолтите во пријателски натпревар во рамките на подготовките за Евробаскетот 2015 загубија од домшната Летонија со 85-69, претходно нашата селекција беше поразена на двапати од Шпанијаи по еднаш од репрезентациите на Турција и Литванија.
На денешниот дуел во Рига , Македонија беше ослабане со неиграњето на тројца стандардни репрезентативци, поради повреди мечот го прескокнаа Бојан Трајковски, Ричард Хендрикс и Марко Симоновски.
Избраниците на селекторот Србиновски денеска немаа одговор за одличните надоврешни кошаркари на Летонија кои имаа свој ден, посебно беа прецизни во шутевите за три поени (15-31).
Инаку како и на претходните пријателски средби нашите кошаркари повторно лошо го започнаа мечот , по само 5 минути игра Летонија веќе имаше водство од 14-2. Нашиот тим потоа со серија од 7-2 резулататски се врати во средбата. Солидно го одигравме и вториот период и домаќините на одмор заминаа со предност од 41-35.
И стартот на второто полувреме повторно е во знакот на Летонците кој со серијата од 13-2 за убедлива предност од 54-37. Но, нашите кошаркари не се предаваат и покажуваат дека имаат карактер и со серија од 15-3 се враќаат на достижни 57-52.
Летонците со две тројки во низа на отварањето на последната делница уште еднаш стигнуваат до солидна двоцифрена предност (67-54), што подоцна се покажа како решавачка за конечниот епилог на средбата и триумф на Летонија од 85-69.
Прв стрелец во редовите на црвено жолтите денес е центарот Самарџиски со 13 поени и 9 скока, двоцифрен број на поени постигнаа и Костовски 11 и Дамјан Стојановски и Владо Илиевски 10.
Нашиот национален тим утре се враќа во Македонија ќе каде до четврток ќе ги одработи последните тренизи пред заминувањето на ЕП во Загреб.