Евгениј Поп Ацев е победник на 29-то издание на Охридкиот пливачки маратон.
Поп Ацев е првиот македонски пливач што победува на маратонот во изминатите 29 изданија колку што маратонот е на „Гран-при“ програмата на трки на отворени води на Светската пливачка федерација.
Тој патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид во должина од 30 километри ја исплива за 5:39:42 часа.
Првото место во женска конкуренција и припадна на Алиса Франко од Италија, која патеката ја преплива за 5:44:03 часа.Победникот на Охридскиот пливачки маратон, покрај паричната награда, ќе добие и 15 бода на своето конто, второпласираниот 11, третиот 9. Тоа значи дека Поп Ацев со победата во Охрид избива на првото место во генерален пласман со освоени 38 бода и со големи шанси да биде победник во оваа сезона затоа што до крајот на оваа „Гран-при“ серија останува уште маратонот Капри – Неапол.
Во успешната организација на Охридскиот пливачки маратон голем придонес има општина Охрид која како минатата така и оваа година застана зад целосната техничка организација поради што маратонот ги доби највисоките оцени во светски рамки.
Генерален покровител на настанот е претседателот на државава Ѓорге Иванов.