Вчера околу 16.00 часот на Магистралниот пат од Струга према Ќафасан, на излез од градот се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ„Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки управувано од Г.Г.(27) од с.Франгово и велосипедист Владимир М.(1949) од Струга.
Во незгодата Владимир М. се здобил со повреди и бил пренесен во ГБ-Струга каде починал. Увид на местото на настанот извршиле ЈО и екипа од ПС-Струга. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.