Во периодот од 08,00 часот на 29.08.2015 до 30.08.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 1.032 странски државјани, од кои, 716 се од машки пол, 125 се од женски, 171 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 20 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-708, Авганистан – 183, Ирак–68, Пакистан – 58, Бангладеш – 7, додека другите се во помал број.
Во периодот од 19.06.2015 до 30.08.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 51.300 странски државјани, од кои, 35.400 се од машки пол, 7.042 се од женски, 7.960 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 898 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-41.603, потоа Авганистан-2.593, Ирак-2.391, Пакистан-1.591, Палестина-650, Сомалија-564, Бангладеж-356, Конго-310, Нигерија-188, Камерун-157 Еритреја-142, Етиопија-109, додека останатите се во помал број.
Во периодот од 08,00 часот на 29.08.2015 до 30.08.2015 година во 08,00 часот до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 30.08.2015 година до Одделението за азил се поднесени 49 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.