Селекторот на македонскта кошаркарска репрезентција Марјан Србиновски по вечерашниот тренинг ги одреди дванаесетте патници за Евробаскетот 2015, на континенталниот собир нема да настапат младиот бек Андреј Магдевски и крилниот центар Марјан Јаневски.
На ЕП кое по прв пат во историјата ќе се одржи во четири држави, Хрватска, Франција, Летонија и Германија, нашата репрезентација ќе игра со следните кошаркари:
Владо Илиевски, Војдан и Дамјан Стојановски, Дарко Соколов, Александар Костовски, Марко Симоновски, Владимир Брчков, Стојан Ѓуровски, Љубомир Младеновски, Предраг Самарџиски, Ричард Хендрикс и Бојан Трајковски.
Црвено жолтите натпреварите на Евробаскетот ги започнуваат во сабота во 18 часот против големиот ривал Грција, следни ривали во групата Ц се селекциите на Холандија, домаќинот Хрватска, Грузија и Словенија.
Нашите најдобри кошаркари во четврток рано наутро со авион заминуваат за Загреб каде ќе се одигра првата фаза на Првеството. Инаку покрај селекторот Србиновски во стручниот штаб на нашиот национален тим се и тренерoт Александар Јончевски и италијанскиот стручњак за физичка подготовка Џакомо Браида.