Во периодот 1-2 септември акцијата на Царинската управа за контрола на продажба на акцизна стока продолжи на територијата на Скопје и Тетово при што се утврдени неправилности во четири случаи кај три правни и едно физичко лице. Привремено се задржани околу 90 литри домашна ракија и 3 литри узо без бандероли и со сомнителен квалитет.
Поконкретно, во еден угостителски објект во Тетово е утврдена нелегална продажба на жестоки пијалоци и се одземени околу 4 литри алкохолни пијалоци – ракија и узо, додека при контрола на локал во сопственост на физичко лице се откриени и одземени 74 литри домашна ракија. На територијата на град Скопје во 2 угостителски објекти се откриени неправилности во поглед на акцизното работење и се одземени вкупно 13.5 литри домашна ракија и 2 литри узо.
Контролите се спроведуваат со цел да се обезбедат основните принципи за фер конкурентност, правилна наплата на буџетски приходи, но пред се да се заштити здравјето на луѓето. Сите привремено задржани алкохолни пијалоци воопшто не биле означени со контролни марки, ниту поседувале било каков сертификат за квалитет, а се нуделе на продажба.
Против прекршителите Царинската управа презема соодветни мерки.
Акциите за откривање нелегална продажба на акцизна стока ќе продолжат и понатаму.