Меѓу 30-40 мигранти се удавиле во нова трагедија во близина на либискиот брег, соопшти Меѓународната организација за миграција.
Од 120 до 140 мигранти од Африка – Сомалијци, Суданци и Нигеријци, тргнале од либиското пристаниште Мисрата со гумен чамец. По шест-седум часа чамецот почнал да испушта воздух, започнала паника и дел од луѓето паднале во вода.
Италијанската крајбрежна стража спасила 91 лице.
Извор: Нет Прес