Во функција на натамошно одржување на стабилна и поволна безбедносна состојба на подрачјето како и безбедно одвивање на вечерашниот митинг во Охрид поврзан со претседателските избори, СВР Охрид презема низа мерки на превентивен и оперативен план. Мерките првенствено се насочени кон превентивно физичко обезбедување на сообраќајниците, паркинг просторите како и централното градско подрачје каде ќе се одржи митингот.
СВР Охрид ги интензивира мерките за сообраќајно превентивно обезбедување кои се одвиваат со предупредувања на сите неправилно паркирани патнички и други моторни возила по должината на Булеварот „Туристичка“, но и во центарот на градот. Полициските службеници ќе ги спроведуваат законски овластувања како дел од севкупните безбедносни мерки на СВР Охрид.
Заради потребата од безбедност и сигурност во сообраќајот, до граѓаните на Охрид апелираме на исклучива нужност во користењето на сопствените патнички и други моторни возила.