Со средства од ИПАРД ќе се реализираат шест нови проекти во Општина Дебрца

На трасата од регионалниот колекторски систем во близина на Техноиндустриската зона во Струга, се одржа прес-конференција, на која градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски ги презентираше активностите кои веќе се реализираат во изградбата на колекторскиот систем кој ќе ги поврзува селата Горенци, Требеништа, Волино, Мешеишта и Климештани.

Денес се наоѓаме на трасата од колекторскиот систем кој ќе ги поврзува селата Горенци,Требеништа,Волино,Мешеишта и Климештани кој пред извесно време започна да се гради неговата должина изнесува повеќе од 8 километри и инвестиција вредна повеќе од 250 илјади евра.Со изградбата на овој колекторски систем ќе се стави во функција вејќе изградената канализациона мрежа во с.Мешеишта која е исто така во должина од околу 8километри и вредност од околу 200 илјади евра средства добиени благодарение на владата на Р. Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ.

Почитувани денес исто така ми претставува особена чест да најавам уште Шест нови проекти кои благодарение на владата на ВМРО-ДПМНЕ преку програмата за рурален развој ги доби општина Дебрца. А тоа се: 1.Канализациона мрежа во с.Горенци Со изградба на оваа фекалната канализација ќе се приберат отпадните води од селото Горенци и ќе се спроведат до главниот колектор кој се протега покрај реката Сатеска. За која изградба сте сведоци и самите вие.Денес во селото не постои никаква канализациона мрежа. Отпадните води се собираат индивидуално во септички јами што значи загадување на подземните води и уништување на животната средина.Должина на канализациона мрежа 7.6 километри и ќе се изградат 236 шахти. Инвестиција од 19,934,562.44 денари или 325 илјади евра.

2.Улица Ботун Со проектот ќе се изврши реконструкција на постоечки улици во с.Ботун кои се стари повејќе од 20 години.Трасите на улиците ќе се водат и прилагодуваат према постојните улици.Ширина на коловоз 3-3.5 метри и банкини од 0.75 метри од двете страни на коловозот.Вкупна должина на улиците е 1 км.На улиците кои се со асфалт ќе се изврши прво крпење на ударните дупки, а потоа надградба над постојниот асфалт. На улиците кои немаат асфалт прво ќе се изврши тампонирање со сепариран камен а потоа асфалтирање со асфалт д=7 см Инвестиција од 8,033,110.00 денари или 130,619.67 еура

3.Улица Злести-Лешани Ќе се изврши рехабилитација на локалниот пат од с.Злести до с.Лешани со Должина на локалниот пат 1.8 километри.Локалниот пат е со ширина на коловозот од 3,0 метри и банкини од 0.75 метри од двете страни на коловозот.Трасата ќе се води и прилагоди према постојниот пат кој е исто така изграден пред повејќе од 20 години.На трасата ќе се изврши прво крпење на ударните дупки, а потоа надградба над постојниот асфалт. Инвестиција од 5,671,100.00 денари или 92,213.00 евра

Другите три проекти се Урбанистички планови за села и тоа за Селата Оровник,Горенци и Требеништа проекти кои општина Дебрца ги доби преку ЈЗПР на програмата за рурален развој. Инвестиција од околу 50 илјади евра.

На крајот дозволете да пренесам порака дека со целосна сопработка и подршка на владата на Р. Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ и трудот вложен од моја страна општина Дебрца добива нова слика во однос на инфраструктурните зафати кои нормално го подобруваат животниот стандард на жителите на мојата општина“ истакна во своето обраќање градоначалникот Трајкоски.