Во текот на вчерашниот ден издадени 2165 потврди за барање азил

Во периодот од 08,00 часот на 05.09.2015 до 06.09.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 2.165 странски државјани, од кои, 1.309 се од машки пол, 303 се од женски, 446 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 107 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.788, Иран-116, Ирак-98, Авганистан – 66, Палестина-47, Пакистан-12, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19.06.2015 до 06.09.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 62.586 странски државјанин, од кои, 42.516 се од машки пол, 8.574 се од женски, 9.994 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 1.502 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-50.970, потоа Авганистан-3.477, Ирак-2.849, Пакистан-1.741 Палестина-777, Сомалија-571, Бангладеш-428, Конго-323, Нигерија-205, Камерун-160 Еритреја-142, Етиопија-109, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 08,00 часот на 05.09.2015 до 06.09.2015 година во 08,00 часот до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 06.09.2015 година до Одделението за азил се поднесени 49 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.