Во рамките на своите активности во делот на здравствено-превентвната област, а како поддршка на активностите на Здружението за борба против мозочен удар „Мозочен удар“, насочени кон советување за третманот и рехабилитација на лица кои доживеале мозочен удар, како и презентирање на ризик фактори и мерки за превенција и заштита од мозочен удар за широката популација, Црвен крст Охрид и Здружението „Мозочен удар“ организираат јавни настани – Отворен ден за сите прашања, поврзани со мозочниот удар. Настаните ќе се реализираат на Градскиот плоштад Климент Охјавни места во Охрид, каде сите заинтересирани ќе можат да добијат корисни совети од стручен тим составен од невролог, физијатар, интернист, психолог и советник за исхрана, а исто така ќе можат да извршат и проценка на ризик факторите за мозочен удар, преку мерење на соодветни параметри (гликемија, ТА, ЕКГ).
Со повеќе податоци за процентот на смртност од оваа болест во Македонија, како и детали за периодот и местото на одржување на овие настани ќе добиете на ПРЕСС средбата во просториите на Црвен крст Охрид, на 07.09.2015 (понеделник) во 11 ч.