Фондот за иновации и технолошки развој, во четврток, на 10 октомври 2015 година, во големата сала на Општина Охрид, со почеток во 10 часот, ќе одржи обука. На обуката ќе има презентации за анализа на ризиците,пазарниот потенцијал, финансиска проекција и заштита на правата од интелектуална сопственост.
Обуката е наменета за претставници на микро, мали и средни претпријатија и установи кои вршат научно-истражувачка или високообразовна дејност и студенти со иновативни идеи, а на англиски јазик ќе ја држи Питер Моѓуроши, оперативен советник за работењето на Фондот за иновации и технолошки развој.