Нови бомби ја нападнаа екологијата во градот и сето тоа започнува од училишните дворови. И покрај тоа што на нив пишува (на турски) дека не се наменети за деца под 14 години, овие „POP! Grenade“ бомби им се достапни на децата од сите возрасти. Некаде се продаваат за 5, некаде за 10 денари, а се активираат на следниот начин:
- Се ставаат на земја;
- Се стегаат или газат со што започнува хемиска реакција;
- Пукаат при што распрснуваат;
- Останува отпадот (ретко кое дете го собира отпадот и го фрла во корпа).
Овие бомби се од турско производство, нивниот хемиски состав е: натриум бикарбонат, лимонска киселина, карбонат и сок од лимон.
Погледнете:
WebOhrid