Во периодот од 08,00 часот на 11.09.2015 до 12.09.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 2.931 странски државјани, од кои 1.762 се од машки пол, 439 се од женски, 551 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 179 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-2.328, Авганистан –371, Ирак-152, Палестина-13, Пакистан-14, додека другите се во помал број.
Врз основ на измените и дополнувањето на Законот за Азил од 18.06.2015 година, Министерството отпочна со издавање на потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање право на азил во Република Македонија на странските државјани кои илегално влегуваат на нашата територија.
Во периодот од 19.06.2015 до 12.09.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 72.674 странски државјани, од кои, 48.675 се од машки пол, 10.049 се од женски, 11.911 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 2.039 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-58.945, потоа Авганистан-4.537, Ирак-3.412, Пакистан-2.006 Палестина-837, Сомалија-592, Бангладеж-485, Конго-328, Нигерија-210, Камерун-163 Еритреја-146, Етиопија-118, Судан-103, додека останатите се во помал број.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 11.09.2015 година до Одделението за азил се поднесени 49 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.