ВМРО – Народна партија на сите граѓани на Охрид и Охридско им ја честита 102 годишнината од одбележувањето на Охридското востание.
„Овој значаен дел од македонската историја посебно за Охрид во кој востаниците на чело со војводата Петар Чаулев успале да ги протераат српските војски и администрацијата од регионот во Охрид и Струга, не смее никако да биде заборавен.
Востанието е исто така значајно што македонските чети го кренале заедно со албанскиот револуционерен округ со кои заедно заробиле неколку српски офицери на овие простори. По десетина дена борба, за жал востанието било задушено, а биле запалени неколку охридски села каде паднале голем број жртви.
Исто така, ја користиме оваа прилика да упатиме критика до Локалната самоуправа за игнорирањето на овој значаен празник за охриѓани. Ветувањата кои ги даваше Секретарот Спасески во минатото, дека просторот во Велгошти каде биле стрелани повеќе лица ќе биде уреден, се уште не се остварени.
Нека е за многу години! “– стои во честитката на ВМРО – Народна партија Охрид.