Дисциплински мерки за 14 вработени во МВР

Во текот на изминатиот период, по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 14 решенија против 14 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од член 206 став 1 точка 2, член 207 став 1 точка 1,2,5,8,9 и 12, и член 208 став 1 точки 10, 14, и 20 од Колективниот договор на МВР. Притоа, на 12 вработени изречена им е мерка – „парична казна”, на еден вработен, мерка – „писмено предупредување“ и на еден вработен, мерка – “запирање на постапка“, а станува збор за:

Полицаец во ПС за ГП Ќафасан, РЦ за ГР-Запад, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (евидентирал возило со употреба на документи кои не одговараат на возилото кое се јавило на „излез“ од РМ);

Полицаец во ПСОН-Струга, СВР-Охрид, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (со физички напад го нарушил ЈРМ);

Полицаец во ПК-Пехчево, СВР-Штип, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 10% од месечната плата за два месеци (го напуштил работното место без да го извести дежурниот полицаец);

Полицаец во ПК-Пехчево, СВР-Штип, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 10% од месечната плата за два месеци (го напуштил работното место без да го извести дежурниот полицаец);

Полицаец во ПСОН-Штип, СВР-Штип, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (го напуштил работното место без одобрение на старешина);

Полицаец во ПСОН-Штип, СВР-Штип, изречена му е мерка „запирање на постапката“(неутврдена одговорност);

Полицаец во увидна група во ПО за БПС Валандово, СВР Струмица, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (неоправдано го напуштил теренот на кој бил предвиде за вршење мотопатролна служба);

Помошник дежуренво ПС од ОН Ресен, СВР Битола, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 10% од месечната плата за еден месец (Го злоупотребил службеното возило за цели надвор од предвидените со работни задолженија);

Помошник дежурен во ПС од ОН Дебар, СВР Охрид, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за два месеци (Насилнички се однесувал кон друг полициски службеник);

полицаец во ПС од ОН Дебар, СВР Охрид, изречена му е мерка „писмено предупредување“ (Насилнички се однесувал кон друг полициски службеник);

Полицаец ПС за ГН Франгово, РЦ за ГР Запад, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (Побарал противуслуга од лице кое не го санкционирал за сторен сообраќаен прекршок);

Полицаец ПС за ГН Франгово, РЦ за ГР Запад, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (Побарал противуслуга од лице кое не го санкционирал за сторен сообраќаен прекршок).