Тече повикот за бесплатен туристички викенд

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, градоначалникот на Општина Берово, Драги Наџински и претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионери, Драги Аргировски и пратеничката од Собранието на Република Македонија, Сузана Секуловска ги посетија пензионерите кои се на бесплатен туристички викенд преку истоимениот проект во Берово.

„Преку овој проект, којшто беше дел од програмата на Владата на Република Македонија е и дел од ветувањата коишто ги дадовме на највозрасната категорија на граѓани, проект којшто почнавме да го реализираме оваа 2015 година овозможивме вкупно 3.000 корисници на пензија да бидат дел од проектот Бесплатен туристички викенд во туристичките центри во Република Македонија, односно на Охридското, Преспанското и Дојранското eзеро и во Берово и Крушево, со бесплатен превоз и два полни пансиони, односно поаѓањето е во петок попладне, имаат вечера, полн пансион во сабота и потоа во недела доручек и ручек”, рече Спасов.

За реализација на овој проект, како што истакна Спасов, обезбедени се и реализирани 10.000.000 денари, при што се продолжува со реализација на овој проект веќе следната година.

„Би сакал да ги поттикнам сите корисници на пензија, да ги информирам дека се распишани јавните повици за аплицирање за бесплатен туристички викенд и за бесплатна бањско-климатска рекреација. Вкупно 5.500 пензионери ќе можат во 2016 година да бидат дел од проектот бесплатна бањско климатска рекреација, а 3.000 пензионери дел од бесплатен туристички викенд, односно вкупно 8.500 пензионери. Би сакал да ги повикам сите коишто се заинтересирани да аплицираат во филијалите на Фондот за пензинското инвалидското осигурување до крајот на месец септември”, истакна Спасов.Овој проект влијае и на развојот на на туристичките центри, во текот на пролетниот и есенскиот дел од годината, 3.000 аранжмани ќе ги добијат хотелските капацитети во туристичките центри во Република Македонија, а со текот на годините како ќе се зголемува интересот така ќе се зголемува и бројот на опфат на корисници на пензија коишто ќе бидат дел од од овој проект.

Претседателот на Сојузот на здруженија на пензионери Драги Аргировски истакна дека ова е уште еден проект кој е добро прифатен и постои голем интерес додека трае конкурсот за идната година. Градоначалникот Наџински изрази задоволство што Берово е дел од понудата во рамки на овој проект.