Кадетите од Центарот за обука на терен

Во периодот од 13-16.09.2015 година во полициските станици од општа надлежност во сите Сектори за внатрешни работи се спроведува практичниот тест за мерење на компетенции од вториот дел за кандидатите од Основна обука за полицаец 2015/16 – Заштита на јавниот ред и мир.

Тестот е практичен и се полага на работното место во реална ситуација, каде кандидатите ја спроведуваат теренската обука со своите ментори.Секој кандидат со оценувачот излегува на терен каде треба да совлада одредени компетенции кои се во оценувачкиот формулар а на крајот оценувачот му дава образложение за како постапил при тестот и му ја впишува оценката.

Овој тест за мерење на компетенции е само еден дел од сите пет сегмента кои кандидатите ги полагаат за да може успешно да завршат еден од вкупно трите модули од обуката за полицаец.

Оценувањето на практичниот тест е независно односно ги оценуваат искусни полициски службеници кои професионално си ги извршуваат работните задачи од ЈРМ а кои претходно се здобиени со обука за оценување во Центарот за обука.