Татко и син одгледувале „Канабис сатива“ за производство на марихуана

На ден 15.09.2015 г. полициски службеници од Секторот за внатрешни работи – Куманово по предходно добиени оперативни сознанија дека татко и син се занимаваат со производство и недозволена дрговија со дрога, по издадена наредба од Основен суд Куманово, извршија претрес на дом и други простории во с.Табановце, Куманово, сопственост на Љ.Ј.(65).

По извршениот претрес, во дворот се пронајдени и одземени вкупно 71 стебло од растението „канабис сатива“, околу 4 килограми наркотична дрога „марихуана“, едно кутивче со семки од растението „канабис сатива“, 1 (една) воздушна пушка и 1 (еден) куршум. Исто така одземени се и предмети (црево, туби, мотика) кои се користени за одгледување и обработување на растенијата.

По целосно расчистување и документирање на настанот ќе биде поднесена кривична пријава против Љ.Ј. (65) и неговиот син Б.Ј.(30), двајцата од с.Табановце, Куманово и истите ке бидат спроведени во ОЈО Куманово.

Инаку Б.Ј. е познат сторител на кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога за што му се поднесувани кривични пријави и има издржувано казна затвор, додека пак на Љ.Б. му се поднесувани кривични пријави за „Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ и за „Измама“, за што има издржувано казна затвор.