23-ти септември неработен ден за еврејската заедница

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на РМ, 23-ти септември  (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур е неработен ден за граѓаните припадници на еврејската заедница во Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на еврејската заедница во Република Македонија им го честита Јом Кипур.