Промовирана лабораторија за ин витро фертилизација и замрзнување на полови клетки

Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски, заедно со претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски и министерот за здравство Никола Тодоров присуствуваше на промоцијата на Лабораторија за ин витро фертилизација и замрзнување на полови клетки и ембриони, инсталирана на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје .Ова е една од вкупно 4те набавени лаборатории за модернизација на дејноста на оваа установа и за подобрување на услугите кои ги нуди на граѓаните. Покрај за потребите на пациентите, лабораторијата за ин витро фертилизација, замрзнување на полови клетки и ембриони, ќе се користи и за едукација на студентите на Медицинскиот факултет, како и за специјализанти по Гинекологија и акушерство. Лабораторијата е опремена со средства од буџетот на државата, во висина од 14.773.600 денари и е дел од проектот на Владата за техничко и инфраструктурно опремување на високообразовните и јавните научни установи.