Се гради пешачки мост на реката Грашница

Градежна екипа на ЈП „Градски гробишта” отпочна со изградба на дрвен пешачки мост во населбата „Далјан“ кај месноста викана „Грашница“. Мостот се наоѓа на самото место на сливот на реката Грашница во Охридското Езеро. Со изградбата на овој дрвен пешачки мост ќе се овозможи безбедно и непрекинато движење на пешаците на овој дел од брегот на Охридското Езеро.

most_daljan_400