При утврдувањето на терминот и закажувањето на 44-тата седница на Советот на општина Охрид направен е превид, бидејќи на 24-ти септември (четврток) е празникот Курбан Бајрам.
Согласно Законот за празниците на Република Македонија првиот ден на Курбан Бајрам за верниците од муслиманската вероисповест е празник и неработен ден.
Поради тоа, 44-тата седница на Советот на општина Охрид се презакажува и истата ќе се одржи 23-ти септември(среда) со почеток во 11:00 часот.