Курбан Бајрам неработен ден за граѓаните од исламска вероисповед

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 24-ти септември (четврток), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам е неработен ден за граѓаните од исламска вероисповед во Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од исламска вероисповед во Република Македонија им го честита празникот Курбан Бајрам.