Меѓународен ден на мирот

Секоја година Меѓународниот ден на мирот се одбележува ширум целиот свет, на 21-ти септември. Генералното собрание на Обединетите нации го прогласи како ден посветен на зајакнување на идеалите на мирот, и во и помеѓу сите народи и народности.

Темата на овогодинешното одбележување на овој ден е „Партнерство за мир – достоинство за сите“, која има за цел да ја истакне важноста на сите сегменти на општеството да работат заедно за да се залагаат за мир. Работата на Обединетите нации не би била можна без првичните партнерства кои биле активни во создавањето и илјадници партнерства секоја година помеѓу владите, граѓанското општество, приватниот сектор, религиозните групи и други невладини организации, кои се потребни за поддршка на Организацијата во остварувањето на своите идни цели.

Меѓународниот ден на мирот беше востановен во 1981 година со резолуцијата 36/67 на Генералното собрание на Обединетите нации. Првиот Ден на мирот беше одбележан во септември 1982 година. Во 2001 година, Генералното собрание на ОН едногласно ја усвои резолуцијата 55/282, со кој 21 септември беше одреден како годишен ден на ненасилството и прекин на огнот.

„Ги повикувам сите завојувани страни да го положат оружјето и да го проследат глобалниот прекин на огнот. Им велам: Запрете со убиствата и уништувањето и создадете простор за траен мир.“ – истакна Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун.