Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести (Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014), а врз одлука на Советот на општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дератизација на територијата на општина Охрид како општа противепидемиска мерка, екипата на ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид на 23 и 24 септември (среда и четврток) ќе спроведе системска дератизација во стариот дел на градот, населба Билјанини извори, Гоце Делчев, Воска и Даљан како и по улиците Туристичка, Питу Гули, Железничка, Јане Сандански, 7-ми Ноември, Марко Нестороски, Кеј Македонија, Македонски просветители, Момчило Јорданоски, Прва македонска ударна бригада.