Обраќање на претседателот Зоран Заев по повод роденденот на СДСМ
„Почитувани граѓани,
Социјалдемократскиот сојуз покажа зрелост во сите клучни моменти за државата.
СДСМ, како одговорна партија успешно одговори на сите предизвици: од осамостојувањето на земјата и формирањето на институциите, преку меѓународното етаблирање на земјата, премостувањето на воениот конфликт, до трасирањето на патот на Македонија кон Европската Унија и НАТО.
Денес, на 24-от роденден, СДСМ е исправена повторно пред еден од најголемите предизвици од независна Македонија – враќање на сите срушени вредности од страна на 9-годишната расипничка и узурпаторска власт.
Денеска, во чест на роденденот на СДСМ ја испраќам силно пораката, дека СДСМ ќе ги врати демократијата и слободата во државата!
Храбро и одважно, со проектот Вистината за Македонија застанавме на браникот на заштитата на човековите и државните вредности.
Порачувам дека нашата посветена работа продолжува и нема да застанеме додека не им ги вратиме на граѓаните и на Македонија!
Со гордост го честитам роденденот на Социјалдемократскиот сојуз и ве повикувам вас граѓаните да се приклучите во историската битка што ја поведовме, за достоинствени граѓани на достоинствена, демократска и европска Република Македонија.“ – вели Заев.