Во текот на вчерашниот ден издадени 2.120 потврди за барање азил

Во периодот од 08,00 часот на 20.09.2015 до 21.09.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 2.120 странски државјани, од кои, 1.445 се од машки пол, 224 се од женски, 354 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 97 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.355, Авганистан –387, Ирак-298, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19.06.2015 до 21.09.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 89.427 странски државјани, од кои, 59.569 се од машки пол, 12.123 се од женски, 14.977 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 2.758 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-70.670, потоа Авганистан-7.165, Ирак-4.754, Пакистан-2.548 Палестина-948, Сомалија-626, Бангладеж-592, Иран-399, Конго-357, Нигерија-221, Камерун-165, Еритреја-163, Етиопија-126, Судан-111, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 08,00 часот на 20.09.2015 до 21.09.2015 година во 08,00 часот до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 21.09.2015 година до Одделението за азил се поднесени 49 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 20.09.2015 година евидентирани се 5 баратели на азил, сите мажи. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита две лица, едно малолетно лице без придружба на старател и еден маж се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

Црвен крст мобилни тимови
19.09/ 17.00 – 20.09 / 17.00

Табановце
Медицински интервенции:468
Вода :380 шишиња
Пакети со храна: 49 ( дополнително се делат сендвичи донација од Прокредит банка)
Ќебиња: 37
Пакети со хигиена: 17
Бисквити: 16 кутии
Асистирани лица : 1470

Гевгелија
Медицински интервенции:692
Вода : 4670 шишиња
Хигиенски пакети: 31
Пакети со храна : 17 ( дополнително се делат сендвичи донација од Прокредит банка)
ќебиња: 17
Бебешки пелени: 76
Бебешки кашички: 12
Млеко за бебиња: 18 кутии
Асистирани лица: 5600.