Се зголемуваат цените на нафтените деривати

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 1,56 %, одлучи денес Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 07.09.2015 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 62,50 ден/лит, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 64,50 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 07.09.2015 година и со тоа цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 50,00 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 38,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,221 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 07.09.2015 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 20,122 ден/кг.