Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2013 година, во креирањето на бруто-додадената вредност во земјоделството во Република Македонија, најголемо учество има Југоисточниот регион со 29.8%, потоа Пелагонискиот регион со 19.8% итн., додека најмало учество има Југозападниот регион со 3.7%.
Во создавањето на вредноста на растителното производство во Република Македонија, најголемо учество има Југоисточниот регион со 34.8%, додека во создавањето на вредноста на добиточното производство, најголемо учество има Полошкиот регион со 20.0%.