Одржана прва јавна дискусија за Националната стратегија за млади 2016-2025

На 22 септември 2015 во Салата на советот на општина Велес се одржа првата јавна дискусија за Националната стратегија за млади 2016-2025 година. На настанот присуствуваа претставници на граѓанскиот сектор, локалниот младински совет на општина Велес и млади луѓе кои дискутираа за нацрт текстот на овој документ.

Процесот на креирање на Националната стратегија за млади е воден од Агенцијата за млади и спорт во соработка со Програмата за развој на Обединети Нации (UNDP), а започна во февруари оваа година кога беше најавен процесот, неговата динамика, како и планираните активности.

Во досегашниот период беа одржани повеќе работилници во рамки на деветте приоритетни области од стратегијата (младинско учество, младинско инфомирање, локална младинска работа, вработување, култура, образование, здравје, спорт и квалитет на живеење) каде беа вклучени сите заинтересирани граѓани (млади луѓе, претставници на граѓански организации, меѓународни организации и институции).

Во текот на септември и октомври предвидено е одржување на поголем број на работилници во повеќе градови во Република Македонија, каде ќе биде презентиран нацрт текстот на стратегијата.