Охрид домаќин на првиот Супер куп во кошарка

Општина Охрид и СРЦ „Билјанини Извори“ се домаќини на првиот македонски Супер куп во кошарка. Почнувајќи од оваа година во Македонија почнува да се игра „ХУАВЕЈ“ Супер куп-от во кој ќе учествуваат финалистите од плеј – оф натпреварувањата и финалистите од Купот на Македонија.

Натпреварите ќе се играат на 26-ти и 27-ми септември во арената „Билјанини извори“. На 26-ти септември во 17:30 часот ќе се одигра натпреварот помеѓу Работнички и Кожув, а во 20:15 часот ќе се одигра наптреварот МЗТ Скопје А. – Куманово.

Дваесет и седми септември е резервиран за финалето на купот. Почетокот на финалето е закажано за 19:30 часот.

superkup2015_4001